Канадскиот модел Лејла Гобади тврди дека Кање Вест ја изневерувал Ким Кардашиан со неа. Според зборовите на манекенката, таа со Кање се гледала уште од јули минатата година. Тајната врска ја продолжиле и откако Ким останала бремена. Таа рекла дека ова ќе го уништи семејството Кардашиан, но сакала Ким да дознае за нивната тајна врска. Раскажала дека Кање прв пат ја „стартовал“ после неговиот настап во “Ревелс Овејшн Хол”.
Потоа ја извел на коктели во клубот “HQ”, а потоа завршиле во неговата хотелска соба. Иако според нејзините тврдења се гледале речиси една година, тој цело време ја убедувал дека нивната врска не е сериозна. На крајот рекола дека никогаш не сакала на некого да му направи нешто такво и да го повреди.