За промената Горан Гаврилов го известил Советот за радиодифузија.
-Денес во Централинот регистар на Р.М е извршена промена на основачот на Друштвото ГБЦ Комуникации кој е основач на ТРД Канал 77. Канал 77 достави известување до СРД за извршената промена со новото решение за сопственост.
Со ова Канал 77 го запази рокот за промена на сопственичката структура, стои во во соопштението што до медиумите го испрати Горан Гаврилов – поранешен сопственик на Канал 77, чија сестра е пратеник во Собранието на Република Македонија.
На 30-ти септември истекува рокот до кога телевизиите Сител и Канал 5 и радиото Канал 77 треба да ја трансформираат сопственоста на радиодифузерите.
Согласно Законот за радиодифузија, носители на јавни функции и членови на нивни семејства не можат да вршат радиодифузна дејност.
Неодамна пратеникот Љубисав Иванов Ѕинго си поднесе оставка од пратеничката функција, со што го реши проблемот на телевизија Сител, која е во сопственост на неговиот син. Со трансформацијата на сопственоста проблемот го реши и Канал 77, додека Канал 5 телевизија која е во сопственост на семејството Стојменови, се уште официјално нема соопштено дали извршила промена во сопственоста, за што деновиве во медиумите можеа да се чујат различни информации.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com