Сите 120 кандидати за пратеници од опозицијата кои се наоѓаа на листите во шесте изборни единици потпишаа изјави пред нотар за откажување од пратеничкиот мандат, јавува Тв. Телма.
– Нема враќање на мандатите, ние не ги признаваме резултатите од изборите, и како такви во целост ги оспоривме, изјави за Телма портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
И ЛДП на вечерашната седница на Извршниот и на Централниот одбор одлучи пратениците да не ги прифатат мандатите.
Од пратеничкиот мандат се откажа и партијата на Руфи Османи, НДП. Останува неизвесно како ДИК ќе постапи во наредниот период и како ќе го толкува Изборниот законик во случај на неприфаќање на пратеничките мандати.
OhridNews
извор:„Тв. Телма