Кандидатот за градоначалник на Охрид од Либерално-демократската партија, Боро Павлоски, носителот на листата за советници, Крум Арнаудов, и дел од кандидатите за советници денеска ќе одржат прес-конференција.
На пресот што ќе се одржи во штабот на ЛДП позади Комерцијална банка со почеток во 11 часот и 30 минути ќе биде ставен осврт врз досегашниот тек на кампањата и следните активности.
Кандидатите за градоначалник и за советници од оваа партија вечерва во 18 часот ќе имаат средба со граѓаните од Лескоец.
Ohridnews











