Народните избраници од редовите на СДСМ и коалицијата кои за време на изборниот процес добија гласови за пратенички места во Собранието на Република Македонија по најавеното враќање на мандатите, денес не се појавија во Државната изборна комисија на договорениот термин за да си ги подигнат уверенијата.
СДСМ и здружената опозиција беше прва на распоредот од партиите кои требаа да ги подигнат уверенија, односно кандидатите кои добија поддршка за мандат во Собранието од нивните редови до 11 часот требаше да се појават во ДИК.
Во Државната изборна комисија не беа присутни ниту претседателот Никола Рилковски, ниту нивниот претставник во Комисијата, Виолета Дума.
Претходно кандидатите за пратеници на Социјалдемократскиот Сојуз потпишаа изјави со кои не ги прифаќаат мандатите, оти партијата не го признава ниту изборниот процес, ниту изборните резултати, бидејќи, според нив, изборната трка се одвивала во крајно недемократска и нефер атмосфера.
OhridNews
извор Макфакс