Кандидатските листи за градоначалници и советници на претстојните локални избори, ќе бидат проверувани од страна Комисијата за верификација на факти, соопштуваат од Лустраторската комисија.
Според најавите, Комисијата ќе работи и во недела, а ќе ги прифаќа листите од општинските изборни комисии за да ги исполни законските обврски за лустрација.
Инаку, Комисијата ќе работи до полноќ на 17-ти февруари, дедека крајниот рок за поднесување на листите до Државната изборна комисија е 16-ти овој месец.
OhridNews