Еден од петте кандидати кои се бореа за градоначалничката функција во Охрид, д-р Фетах Елмази од Демократската партија на Албанците, му ја честита изборната победа на д-р Никола Бакрачески од редовите на коалицијата „За подобра Македонија“.

Голема благодарност до сите граѓани што гласаа за мене како кандидат за градоначалник. Честитки до новиот градоначалник д-р Никола Бакрачески и му посакувам успех како нов татко на градот Охрид.“ – истакна д-р Елмази.

Инаку, пред два дена новиот градоначалник на општина Охрид д-р Никола Бакрачески, го започна четиригодишниот мандат откако му беше врачено уверението од страна на Општинската изборна комисија.

OhridNews