Еден од петте кандидати кои се бореа за градоначалничката функција во Охрид, Александар Митрески од Социјал демократската партија, денеска му ја честита победата на д-р Никола Бакрачески од редовите на коалицијата „За подобра Македонија“.
„Најнапред сакам да му ја честитам победата на д-р Бакрачески и коалицијата „За подобра Македонија“. Граѓаните му ја дадоа довербата, а како охриѓани секогаш ќе сме тука да го потсетуваме на ветеното.“ – ијзави Митрески, во кусиот телефонски разговор.
Инаку, според конечните резултати на Општинската изборна комисија, д-р Никола Бакрачески е избран за нов градоначалник на општина Охрид во првиот круг.
OhridNews