Кандидатот за градоначалник за општина Дебрца од коалицијата За подобр аМакедонија, Игор Трајкоски, го посети село Средорече,  каде по обилните врнежи од дожд деновиве, беа предизвикани поплави и излевање на Голема Река.

При посетата, кандидатот за градоначалник, на присутните им вети дека по добивање на градоначалничкиот мандат, ќе се спроведе чистење на одводните канали и уредување на речните корита со цел во иднина, да не доаѓа до вакви последици.

OhridNews