СДСМ-Охрид денеска во просториите на општинската организација со почеток во 11 часот ќе ја одржи својата редовна прес-конференција, на која на новинарите ќе им се обратат
портпаролот на општинскиот изборен штаб, Лидија Апостолоска и кандидатот за градоначалник на Охрид, Александар Петрески.

Во тематскиот дел од прес-конференцијата, Апостолоска ќе се осврне на најважните и најзначајните проекти остварени и реализирани во општината во изминатите 4 години во сферата на културата, како и на делот од изборната програма на Петрески што се однесува на оваа област.

Петрески на новинарите ќе им ги изложи своите прелиминарни ставови и реакции во однос на почетокот на изборната кампања за вториот изборен круг во трката за градоначалник.

Ohridnews