Кандидатот за претседател на Р. Македонија од Либерално демократската партија, Нано Ружин, вечерва ќе има предизборно претставување пред охриѓани.

Средбата на Ружин со охриѓани ќе се одржи во 20 ч. во големата сала на општината.

На трибината ќе биде претставен и кандидатот за градоначалник на Охрид, Боро Павлоски, а ќе говори и носителот на листата на советници, Крум Арнаудов.

Ohridnews