СДСМ, ВМРО НП, ЛДП и другите партии од здружената опозција, ја отпочнаа постапката за утврдување на кандидатите за состав на листата на советници за претстојните локални избори.

Како што  извјавија за OhridNews од СДСМ, постапката ќе започне денеска со состаноци на месните одбори на кои ќе се предложат кандидати. Предлозите утре ќе ги разгледува кадровската комисија, а кандидатската листа ќе биде дефинирана во среда од страна на соодветните партиски органи, согласно договорот за коалицирање со другите партиципиенти во здружената опзоција.

-Не се дефинирани имиња на кандидати и сите информации поврзани со предлог листата за советници се шпекулација, децидни се од СДСМ.

Оттаму уште додаваат дека кандидатската листа за советници, како и кандидатурата за градоначалник за општина Охрид ќе бидат доставени до ДИК во законски утврдениот рок – 8ми март.

OhridNews