Еден од највлијателните парови, Бијонсе и Џеј Зи, заедно со пријателите го прославиле роденденот на Кање Вест кој наполнил 36 години. Скромната забава, но полна со смеа, била одржана во клубот „Ms.Lili’s“ во Њујорк. Познатиот рапер се почестил со чоколадна торта, кубански пури и пенливо вино. Бил окружен од луѓето кои ги сака, а единствено недостасувала неговата девојка Ким Кардашиан, на која лекарот ја советувал да не лета со авион во седмиот месец од бременоста и која останала во Лос Анџелес.

Џеј Зи објавил неколку фотографии на својот Инстаграм, меѓу кои и со сопругата Бијонсе. Не ги гледаме често како разменуваат нежност, па секоја нова фотографија е вредна за внимание. Покрај фотографиите тој и го честитал роденденот, на како што рекол, еден од најблиските пријатели со кој станале како браќа.