Ким Кардашиан следниот месец ќе наполни 32 години, а по тој повод, нејзиното момче, Кање Вест, издвоил милион долари. Го изнајмил островот Пајн Кеј за забава, а на познатата старлета ќе и подари „Прада“ чанта, розе дијамантска нараквица и „Шанел“ фустан. Кање сето ова го припремил како би ја воодушевил Ким, бидејќи ова е прв роденден кој го слават заедно. Раперот на приватниот остров ќе отпатува заедно со пријателите. Изнајмил приватен готвач од хотел со пет ѕвездички.

Исто така оставил илјадници долари во дизајнерски продавници. Новиот моден детаљ на Ким била персиска мачка, која добила име Мерси, по името на првиот сингл на албумот на Кање “Cruel Summer”. Ким за разлика од Кање е помалку среќна што полни 32 години, бидејќи како што вели зад себе има два пропаднати брака и нема деца кои многу ги сака.