Режисерката од Нов Зеланд, Џејн Кемпион, ќе претседава со жирито на Канскиот филмски фестивал што ќе го сочинуваат пет жени и четири мажи. Ова е првпат од 2009 година во составот на жирито да има повеќе жени.

Инаку, Кемпион е единствената режисерка која ја освои најпрестижната награда на Канскиот фестивал Златна палма за филмот „The Piano” во 1993 година.

Во жирито се и американската режисерка Софиа Копола, актерките Керол Буке од Франција, Лејла Хатами од Иран и Џеон До-јеон од Јужна Кореја, како и американскиот актер Вилем Дефо, мексиканскиот актер и режисер Гарсија Бенал, кинескиот режисер Џија Џангке и данскиот сценарист, Николас Виндинд Рефн.

Два од 18 филмови што се натпреваруваат за Златна палма оваа година се режирани од жени „Still the Water“ на јапонската режисерка Наоми Кавасе и „Le Meraviglie” на италијанската режисерка Алис Рохрвахер.

Шеесет иседмото издание на Канскиот фестивал ќе се одржува од 14-ти до 25-ти мај.

OhridNews
извор:„Макфакс“