Англискиот репрезентативец Тео Волкот вечно ќе го памети дуелот со нисколигашот Сатон Јунајтед во ФА купот кој „топчиите“ го добија со 2-0.
Волкот постигна еден од двата голови, а со тој стигна до бројката 100 во дресот на Арсенал, а згора на тоа ја носеше и капитенската лента.
После завршувањето на натпреварот Волкот ја посети соблекувалната од противничкиот табор и му честише поединечно за успехот во ФА купот.
„Топчиите“ во четвртфиналето ќе се сретнат со Линколн. Мечот ќе се одигра од 10 до 13 март на Емирати.
OhridNews