Италијанскиот стратег Фабио Капело кој е без тренерски ангажман моментално сам се понуди за менаџер на „сините“ ако клубот одлучи да го отпушти Жозе Мурињо.
Португалскиот стручњак има лоши резултати во серија, но загрижувачки е што тој ја изгуби довербата од играчите кои јавно го критикуваа по поразот од Ливерпул на „Стемфорд Бриџ“.
Мурињо од сопственикот на клубот од Лондон, Роман Абрамовиќ доби уште една, а воедно и последна шанса за враќање на „сините“ на старите патеки.
Капело по отказот од селекцијата на Русија е без ангажман, а со неговото драгоцено искуство можеби ќе воведе мир и спокој во соблекувалните од Челси.
Ohridnews











