Фабио Капело ниту ги потврди ниту ги демантираше наводите дека подолго време не добил плата. Италијанецот има “сочен“ договор со руската федерација според кој заработува по 7 милиони евра годишно. Но според последните наводи, Капело не добил плата во последните пет месеци. Тој на пресконференцијата во Виена, дипломатски одоговори на поставените прашања.
– Не сум дојден овде да зборувам за пари. Не очекува исклучително важен меч против Австрија во Виена и потполно сме фокусирани на мечот. – рече Фабио Капело.
По 4 одиграни рунди , фаворитот во Г групата Русија во Виена допатува како второпласирана со два бода помалку од домаќинот. – Секој меч во квалификациите е важен, Австрија е противник за респект, имаат одлична екипа се наоѓаат во добра форма и не очекува интересен натпревар – потенцираше Капело.
Неговиот противник селекторот на Австрија , Марсел Колер истакна дека добро ја познава играта на Русија која ја следел во подолго време. – Во живо ги гледав трите меча на Мундијалот во Бразил, исто така ги гледав и последните 15 меча на Русија, така што сме во тој поглед повеќе од добро подготвени.Русија е силен и компактен состав кој добро се брани но знае и опасно да нападне – смета Колер.
Од друга страна Капело се подготвува како за секој друг меч. -Не направив некоја посебна подготвка. Се подготвуваме како и за секој друг меч. Ги прегледав видео записите ги анализирав нивните добри и лоши страни. – истакна италијанецот.
И додека акутелниот состав на “Зборнајата“ нема некоја мега звезда во составот која ги движи работите, во австрискиот состав поради повреда ќе недостига фудбалерот на Баерн Минхен , Давид Алаба. – Алаба е одличен фудблер, штета што е повреден и нема да настапи на мечот – кратко коментираше Капело.
Капацитетот на “Ернст Хапел “ од 45 илјади гледачи е распродаден и навивачите очекуваат уште една магична фудбалска ноќ. – Фудбалот се игра за публиката,полните трибини пак се дополнителен мотив за фудбалерите. Моите избраници ќе имаа убава можност за добра презентација – напомена Капело.
За Колер, повеќе од важна е подршката од публиката кој е 12 фудбалер на мечевите на Пратер. – Атмосферата во Виена е волшебна, чувстувам дека имаме посебна врска и хемија со навивачите. Тие ги бодрат фудбалерите, кои пак не се штедат и даваат се од себе – смета Колер.
Она што е посебно е тоа што на клупите на двете селекции ќе седат странци. Швајцарецот Колер на клупата на Австрија, додека Италијанецот Капело на клупата на Русија. Она што двајцата селектори се согласни дека мечот не е одлучувачки за пласман на ЕП и оти има уште многу да се игра до крајот на квалификациите.
Во оваа група уште се среќаваат Црна Гора – Шведска, Молдавија– Лихтештајн.
Табела : Австрија 7, Русија 5, Шведска 5, Црна Гора 4, Молдавија 1. Лихтенштајн 1.
Од Виена, Австрија
Мирко Постоловски