Победа на Фарски Острови, реми на Сан Марино, победа на Лихтенштајн, како и водечките позиции во групите на Словачка пред Шпанија, Исланд пред Холандија, Австрија пред Русија, покажуваат дека нема повеќе “мали“ селекции.
– Нема повеќе “мали“ селекции. Сите репрезентации се добро подготвени и силно мотивирани да се докажат пред светот во дуелите со “големите“ селекции. Тој термин треба да се заборави – порача Фабио Капело.
На слично мислење е и стратегот на Австрија , Марсел Колер, кој потенцираше дека и покрај одличниот старт работата не е сеуште завршена.
– Ќе презимие на првото место, но тоа не ни дава никакво право да не зафати зимски сон. Не очекуваат мечеви со послабо рангирани селекции од нас, но верувајте во денешниот фудбал нема сигурни бодови. Најтешки мечеви за играње се оние со од напред впишани бодови – потенцираше Колер.
“Пратер“ во Виена не е среќен за Капело. 1995 година во финалето од Лигата на Шампиони Милан на Капело претпре пораз од Ајакс со 1-0.
Идентичен пораз претпре неговата Русија од Австрија. Меч кој според руските новинари лесно може да биде негов последен на клупата на “Зборнајата“ . Тие имаа само пофални зборови за атмосферата на “Пратер“, каде 45 илјади грла од првата до последната минута навиваа како еден.
Не го криеа незадоволството од водството на италијанскиот стратег и играта која ја пружија неговите избраници. Исто така тврдат дека и атмосферата во тимот не е на посакуваното ниво . – 7 милиони годишно , а резултатите изостануваат. Нашата селекција не е повеќе селекција од која се “плашат“ противниците. Очекуваме во наредните денови Фабио Капело да биде историја во рускиот фудбал – коментираа тие.
Фабио Капело не размислува за напуштање на на позицијата во Русија и дека картите се се уште отворени.
– Одиграни се само 4 рунди, и премногу е рано да се донесуваат одлуки кој ќе патува во Франција а кој не. Има уште многу да се игра во оваа група, која е доста изедначена и ситници го одлучуваат победникот. Молдавија извлече реми против нас со едниствениот удар кон голот, а денес бевме блиску до победа, ја погодивме и стативата но топката не не посака – рече Капело.
Австрија минимално со 1-0 ја совлада Русија во дерби пресметката од Г групата во Виена. Стрелец на победничкиот гол за домаќините беше Рубин Окотие во 73 минута.
По овој триумф “црвено-белите“ со 10 бода во 4 меча се најпријатното изненадување во оваа група, каде уште се Шведска,Црна Гора, Молдавија и Лихтенштајн. За Австрија ова беше прва победа над Русија по долги 47 години.
Мирко Постоловски