Поранешниот стратег на „кралевите“ Фабио Капело импресиониран е од овој тим на Реал Мадрид, кој гази се пред себе. „Лос бланкос“ имаат 20 победи по ред, а засега нема екипа која може да му се спротистави.
– Овој тим на Реал Мадрид е од друга планета и еден од најдобрите на сите времиња. Сакаат да победат на секој натпревар, без разлика за кој противник се работи. Имаат неверојатен напад, а и одбраната е на високо ниво. Сите знаат и го ставаат тимот пред индивидуалните резултатите затоа имаат 20 победи по ред и ќе продолжат уште – рече италијанскиот стручњак Капело.
„Кралевите“ викендов ги очекува финалето на Светското клупско првенство против тимот на Сан Лоренцо.
Мх.П.