Фудбалерите на Барселона направија голем исчекор кон финалето во Купот на Шпанија победувајќи го Атлетико Мадрид на Винсенте Калдерон со 2-1 во првиот меч од полуфиналето.


Каталонците атакот на победата ја најавија на стартот од натпреварот кога преку Луис Суарез поведоа со 1-0. До крајот на првиот дел гостите го дуплираа водството со голот на Лионел Меси. Каква таква надеж за „јорганџиите“ пред реваншот на Ноу Камп донесе Ентони Гризман кој го ублажи поразот.


Во втората полуфинална двојка силите ќе ги одмерат Алавес и Селта Виго.

OhridNews