Матурантите од ОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид синоќа на Долни Сарај свечено го одбележаа завршувањето на средното образование.
Со традиционалното фрлање на матурските капи, младите охриѓани симболично ставија крај на едно значајно поглавје од нивниот живот и го означија почетокот на нова етапа – продолжување на образованието, професионални предизвици и нови животни искуства.
Свеченоста на Долни Сарај беше исполнета со радост и емоции, а матурантите заедно со своите професори го прославија крајот на средношколските денови и почетокот на новото поглавје што е пред нив.
OhridNews
Фото: Ива Јовановиќ














