Капитенот на македонскиот првак, Тони Грнчаров го напушти јатото на “штрковите“. Името на популарниот “грне“ во историјата на МЗТ Скопје ќе остане запишано како прв капитен кој го подигнал шампионскиот трофеј.

По доведувањето на исксуниот плејмејкер Ефтим Богоев, иднината на еден од бековите беше доведена под знак прашалник. Од комбинација испадна Грначаров, кој и не добиваше премногу шанса во претходниот период.

Тренерот на МЗТ Скопје, Алеш Пипан може да здивне. Повредите на Дамјан Стојановски и центарот Урош Николиќ не се сериозни. Стојановски на паркетот ќе се врати на мечот со Унион Олимпија додека српскиот интернационалец ќе паузира и на теренот ќе се врати наредниот натпревар во Јадранската лига.

Мх.П.