Мауро Икарди потпиша нов, побогат договор со Интер со важност до 2021 година.

За продолжената верност Икарди за кој во летниот преоден рок се интересираа многу клубови, годишно ќе инкасира 5,5 милиони евра плус бонуси. За секои 10 постигнати голови Аргентинецот ќе инкасира дополнително 200.000 евра, пласман во Лигата на Шампиони ќе му донесе 200.000, а скудетото во Сериа А 150.000 евра.

Интер во договорот одредеи откупна клаузула за Икарди од 110 милиони евра.

OhridNews