Дефанзивците Љупчо Митрески и Александар Мартиноски поради три жолти картони ќе го пропуштат мечот од претпоследното коло против Беласица. Двајцата се стандардни во последната четворка пред голманот Карамачоски, па стратегот на “белите“ Ѓорески дополнително ќе се одлучи кого да остави на трибините, а кого да прати на терен.


– До мечот со Беласица има време, по консултациите со моите помошници ќе одлучиме кого да одмараме – вели Ѓорески.

Капитенот Митрески по втор пат излежува ваква казна, додека за “аматерскиот“ репрезентативец Мартиноски ова е прва ваква суспензија. Митрески одмараше на мечот со Влазними, а неговото место одлично го пополна младиот Иловски.

М.П.