Капитенот на охридските Колибри, Гоце Митрески поради повреда ќе ја пропушти дерби пресметката во Охрид против Водно Санс во последната есенска рунда.

Митрески се повреди во втората четвртина на последното гостување во Крива Паланка, од кое “колибрите“  донесоа нови три бода. Капитенот кој е една од клучните алки во младиот состав на досегашните седум меча просечно постигнуваше над 10 поени.
Натпреварот меѓу второпласираниот Колибри и третопласираниот Водно Санс се игра в недела од 17 часот.

М.П.