Капитенот на Црвена Ѕвезда, Мичел Доналд во петокот со срцеви проблеми бил хоспитализиран во Клиничкиот центар во Белград. Доналд на лоша здраствена состојба се пожалил во петокот, а како што пренесуваат српските медиуми неговата сопруга го одвела во Клиничкиот центар каде бил итно хоспитализиран. 

Токму поради таа причина Доналд воопшто не беше во протоколот за мечот на „црвено белите“ со Напредак. Првично се шпекулираше дека се работи за некоја повреда, но испадна дека проблемот е многу поголем.

Животот на Доналд не е во опасност, но одредено време ќе биде под лекарски надзор и детални испитувања за откривање на причината за влошување на здраствената состојба.

Фудбалот пред недела дена го потресе голема трагедија, откако капитенот на Фиорентина, Давиде Астори почина во сон. Причината за смртта на 31-годишниот фудбалер беше срцев удар во сон.

OhridNews