Најголемото капучино на светот се вика „Давиано“ и има 2350 литри. Било направено во саботата во салонот Рекс во Римини, Италија. Со својата големина официјално влегло во Гинисовата книга на рекорди. За него била направена специјална шолја која е висока 1,5 и широка 1,8 метри.

Се сотоело од интегрално млеко, 417 литри кафе, а пет лица го спремале цели девет и пол часа, пренеле италијанските агенции. Инаку од него можат да се направат 16 илјади стандардни капучина. Претходниот рекорд бил постигнат на 4 септември исто така во Италија.