Се погласни се шпекулациите за преселба на најдобриот светски ракометар од Барселона во мултимилионскиот проект Пари Сент Жермен.
Наводно, челниците на Барселона ја прифатија милионската оштета за Карабатиќ, кој од следната сезона ќе биде лут ривал на Кирил Лазаров.
Каталонците веднаш се впуштија во потрага за пронаоѓање на замена за францускиот репрезентативец.
Прв на листата е ракометарот на Висла, Камил Сипржак, кој одигра маестрално на дуелот со Вардар во 1/8 финалето.
Покрај полјакот на листата на желби се данскиот репрезентативец Микел Хансен и Џоан Кањелас, кој настапува за германски Кил.
Мх.П.