Ракометарите на Вардар со победа против Рајн Некар Ловен во Германија ја заврши групната фаза во Лигата на Шампиони. Триумфот над германците значеше втора позиција во групата и релативно полесен противник во 1/8 финалето.
– Им покажавме на германците кој е Вардар и со каков квалитет располага. Ги победивме со нивното оружје. Нашиот тим функционираше беспрекорно, се беше на свое место и сосема заслужено триумфиравме во Гермнија. – рече Игор Каричиќ.
Тој и рускиот репрезентативец Тимур Дибиров беа најдобри стрелци на мечот погодувајќи осум односно шест пати.
– Среќен сум поради екипата и навивачите ширум Македонија кои ни даваат безрезервна поддршка. Ќе продолжиме во исти ритам, нема застанување – рече Дибиров.
Ohridnews