
– Нелегалната сеча на огревно дрво не е застапена само во струшко, туку е проблем кој е присутен низ целата земја. Новиот закон за шуми е порестриктивен во однос на начинот на користење и стопанисување со дрвната маса. Шумата е богатство и споственост на РМ и со неа се стопанисува согласно законот за шуми и правилниците кои ги носи владата и кои мора да се почитуваат, рече Караџоски.
Тој потенцира дека кон решавање на проблемот значајно ќе придонесе и новиот закон за шумска полиција , на кој во моментов се работи, со што ќе бидат извршени значајни промени во однос на кадровското и техничко екипирање на шумската полиција.
OhridNews











