Легендите на Ливерпул, Џејми Карагер, Мајкл Овен и Стив МекМанаман го распнаа левиот бек во екипата Алберто Морено по мечот со Севиља во финалето од Лигата на Европа.
Шпанскиот дефанзивец беше директен виновник за два од трите голови на Севиља која успеа три пати во низа да ја освои титулата во ЛЕ.
– Лошата игра на Морено го чинеше Ливерпул порази и титулата, дефинитивно. Одлуката тој да го започне мечот не беше баш најдобра бидејќи во вториот незнаеше каде и што игра. – рече Овен, а Карагер додаде кратко, Дај купите еднаш лев бек, нормален. Како играше, можеше да биде и полошо во второто полувреме.
МекМанаман ја имаше истата конотоција како и Овен и Карагер. – Едноставно се губеше од време на време. Цело време сака да игра напред и заборава дека важно е прво да се одбрани својот гол.
После сите обвинувања никој на Морено не му гарантира светла иднина на Енфилд.
OhridNews