Скандалозното видео со учество на Џејми Карагер, кое се појави на социјалните мрежи денеска, не остана без последици за легендата на Ливерпул.

На клипот се гледа како фан на Манчестер Јунајтед го иритира поранешниот фудбалер на „црвените“, повторувајќи го резултатот од дербито помеѓу двата тима овој викенд – 2:1 за „црвените ѓаволи“.

Карагер не издржа на провокацијата и плукна кон прозорецот на автомобилот на противничкиот фан, кој патуваше со 14-годишната ќерка.

Легендата на Ливерпул е еден од главните експерти на „Скај Спортс“, а од медиумот презеле мерки по скандалот. Според британски медиуми, Карагер е суспендиран од работа, но се уште не е отпуштен.

– „Скај Спортс“ се однесува сериозно во врска со ова прашање. Во моментов тој е отстранет од работа. Оваа постапка е далеку пониска од стандардите што ги очекуваме од луѓето. – се вели во официјалното соопштение на каналот.

Карагер кој учествуваше во неколку емисии јавно и се извини на 14-годишното девојче.

OhridNews