Неизвесна е иднината на голманот Димитар Карамачоски во “жолтиот“ дрес на Охрид. Единицата која лани од кически Напредок пристигна во редовите на Охрид, вели дека на негова адреса пристигнале неколку понуди и дека е подготвен да го напушти новиот прволлигаш.


Имам неколку понуди и од тимови од првата и втората лига, а има интерес и од екипа од Албанија, мали се шансите да останам во Охрид – вели Карамачоски.

Карамачоски минатата сезона беше стандарден на голот на охридските “рибари“, во текот на сезоната реализираше пенал во победата над Миравци со 1-0, додека сезоната ја заврши со црвениот картон на мечот со Цементарница.

Како што неофицијално дознаваме, популарниот Гаше, најблиску е до преслеба во соседот Охрид Лоте.

Ohridnews