Екипата на Ливерпул забележаа нова победа во градските пресметки со Евертон совладувајќи го со 3-1 во првиот меч од 30-та рунда во Премиер лигата.
Пулените на Јирген Клоп со голот на Садио Мане во 8-та минута го отворија мечот. Таквиот почеток не ги поколеба гостински фудбалери кои израмнија преку Метју Пенингтон после половина час игра.
Три минути после изедначувачкиот погодок „карамелите“ потклекнаа пред мајсторијата на Кутињо кој донесе ново водство овој пат 2-1. Победата ја завери Дивок Ориги во 60-та минута, две минути откако влезе во игра.
„Црвените“ со триумфот над градскиот ривал пред своите гледачи се искачија на 3-та позиција на табелата, но четвртопласираниот Манчестер Сити има два натпревари помалку.
OhridNews