Претставниците на шесте  клубови во кои егзистираат и ветераните се договорија од август  да почнат да играат меѓусебе во една организирана лига  која ќе биде под покровителство на ФФМ.


Ветераните на Работнички, Победа, Вардар, Караорман, Пелистер и Борец ќе одиграат десет рунди по кои ќе биде познат прваакот од оваа конкуренција. Пет рунди ќе се играат во есенскиот дел, додека пет во пролетниот.

Во првото коло на стартот на лигата, ќе се сретнат екипите на Борец и Победа, Вардар и Работнички, како  и Пелистер – Караорман.  

За да може некој клуб да регистрира фудбалер-ветеран во својата екипа има само две правила. И тоа да не биде помлад од  од 35 години и да не биде регистриран како активен играч во некоја екипа.

Ohridnews