Кондициониот тренер Иван “карас“ Јованоски ја зголеми македонската колонија во азербеџанскиот клуб Интер Баку. “Карас“ е трет македонец во екипата откако таму веќе се Славчо Ѓеоргиевски и голманот Един Нурединовски.


Јованоски на почетокот на сезона работеше со бугарскиот тим Лудогорец, кој за малку ќе направеше сензација пласирајќи се во Лигата на Шампиони. Непреминлива пречка за бугарите беше хрватскиот клуб, Динамо Загреб.

“Карас“ на охридската спортска јавност му е познат по видеата кои ги сними за “охридскиот Усеин Болт“ и боди билдерот Гоце Мојсоски.

Охридскиот Усеин Болт (видео)

Охридскиот боди билдер Мојсоски во фокусот на “Карас“ (видео)

Мх.П.