Членот на Дуделанж, Брајан Мелисе ја згрози фудбалска јавност, откако на натпреварот со Види во квалификациите за пласман во фазата по групи во Лигата на Шампиони непромислено остро и крвнички стартуваше над противнички фудбалери.

Главниот арбитар на мечот без размислување му додели црвен картон, а соиграчите го спасија од атакот на домашните фудбалери. Дуделанж го загуби баражот со Види со вкупен резултат (3-2), но Мелисе со стартот ја фрли во сенка добрата престава на двата состави.

На социјалните мрежи љубителите на фудбалот побараа жестока казна за Мелисе кој отиде намерно да го повреди противничкиот фудбалер.

OhridNews