Најдобрите македонски каратисти во Струга се подготвуваа за настапот на престојното Европското првенство што 06-08. Мај ќе се одржи во Цирих, Швајцарија.  Во изминатиот макроциклус, каратистите  настапија на серија турнири од Европската златна лига, светски турнир Париз-опен, потоа Ротердам-опен и Милано-опен како и на турнирите во Сараево и  Чачак.


Каратистите од 2007 година па на ваму од сите сениорски натпреварувања се враќаат со медал, и очекувањата се високи и за престојниот континетален собир. Таквите успеси им го донесоа приматот најдобра федерација во Македонија.


– Ова Европско првенство се очекува да биде најмасновно досега , пријавени се преку 48 држави и конкуренцијата ќе биде голема. Задоволен сум од како од формата така и  од атмосферата во решрезенацијата. Во Струга работиме на завршниот дел во кој го трениравме онај завршниот дел од натпреварот во кој најчесто се освојуваат поените. Јас  очекувам да постигнат забележителни резултати Илиевска, браќата Жарко и Сашко Арсовски, а со добра ждреба може да направи и Наташа Стефаноска. Исто така во дисциплината борба во машка конкуренција очекувам добар пласман, бидејки ова е созреана екипа и со малку среќа може да направиме нешто повеќе за Македноија – потенцираше селекторот Заборски кој напомена дека најважно е да се задржи континитет и од континеталниот собир да се вратиме со медел.


Во изминатите две години со одличние постигнувања внимението на јавноста кон себе го сврти  Наташа Илиевска која беше избрана за најдобар спортист за минатата година.  – И оваа година ја стартував мошне успешно, на натпреварите од  златните лиги на кои настапивме  покажавме дека сме добро подготовени. Одличните резултати во првото тромесечје ме позиционираа на првото место на  светска ранг листа – вели Илиевска

Слично како и неа, вториот македонски адут Жарко Арсовски (бронзен од СП во Белград) е подготвен својот квалитет и вредност да ги потврди на првенството во Цирих.  – Нашите подготовки за Европското првенство траат континуираано низ сите натпревари од златните лиги како и турнирите од кои се вративме со медаљи. Добрата форма ни дава за право да се надеваме дека ќе ја искачиме нашата земја на победничкиот пиедестал – смета Арсовски.


Условите за подготовки се одлични , имаме подршка од АМС како и од матичните клубови Макпетрол и Металруг и полека ја ставаме Македонија на светската карате мапа, победуваме европски и светски прваци со што и ние стануваме респектабилни противници, коментираат репрезентативците.

Пристапот на Арсовки и Илиевска на натпреварите ќе биде “фајтерски“ , посакуваат многу порано да го решат прашањето околу победникот.

– Мене општо ми одговаат “фајтери“, натпреваувчи кои напаѓат, не сакам пасивни борци кои во последната секудна можат да изненадат. Порано бевме плашливи и го плаќавме данокот на неискуството, но сега тоа е минато и сме далеку по подгтовени за престојните предизвици  – вели Арсовски.

– Слично  како Жарко, и јас ја изменив мојата тактика , во минатото повеќе внимавав на пасивниот напад и контранапад бидејќи кај девојките се тактизираше повеќе.  Веќе отприлика ги знаеме нашите противници, знаеме како со нив треба да ја водиме борбата, и  подготвена да се носам со сите – истакна Илиевска

Поголемиот товар на Европското Првенство ќе го понесат  Жарко Арсовски, Наташа Илиевска, Огнен Груевски, Сашко Арсовски, Наташа Стефановска, Мартин Несторовски, Богдан Мицов, Ферат Корбуличи и Вања Груевски, додека помладите репрезентативци Дренуше Мерко, Мери Ефремова, Моника Стефановска, Ико Ташев и Дејан Ристевски во овој период треба да го соберат потребното интернационално искуство за остварување на подобар пласман или освојување на медал.

фото Емилио

М.Постоловски