Македонските карате клубови ,,Макпетрол и Металург,,  ќе земат учество на ,,10. Европско регионално првенство,, кое ќе се одржи во главниот град на Русија, Москва.


Женската екипа на Макпетрол ќе биде предводена од најдобрата млада спортистка на Македонија капитенот Симона Заборска. Во тимот ќе учествуваат и спортистките Сара Радичевска и Моника Пендаровска. Нив ќе ги предводи нашата најдобра спортистка каратистката Наташа Илиевска која сега ќе биде во функција на помошен тренер.Овие девојки во претстојните екипни натпревари ќе ја преставуваат Македонија во конкуренција на јуниорки и кадетки.

Во машка конкуренција наш претставник во кадетско-јуниорската конкуренција ќе биде тимот на карате клубот Металург. Предводник на Металурзите ќе биде Гоце Петров во функција на тренер.

– Европското регионално првенство е официјален шампионат во организација на Европската карате федерација, тој се одржува еднаш годишно,карактеристично за ова првенство е тоа што натпреварите се одржуваат само во екипна конкуренција во дисциплините борби и кати. Р.Македонија преставена е како еден регион со име (Скопје), и има право да испрати само по една екипа во дозволените возрасни категории. На натпреварот се очекува да има голем број на држави и региони од цела Европа- појасни селекторот Заборски. 

Натпреварите се одржуваат во сабота 09.јуни.2012 година во попладневните часови.

ohridnews