Австралиско – Македонскиот карате кид Пеце Наумовски на  Меѓународното првенство на Фиџи од 7-10 декември за прв пат ја претставуваше Република Македонија. На ова големо првенство во главниот град на Фиџи, Сува, Пеце Наумовски во силна конкуренција го освои првото место.

Ова беше прв пат Пеце Наумовски да настапи во црвено – жолтиот дрес на Македонија. На патот до првото место Пеце ги победи претставниците на Сингапур, Нов Зеланд, Нова Каледонија, Тахити и домаќинот Фиџи.


Значајно е да истакнеме дека при доделувањето на златната медаља на Пеце се интонираше македонската химна а после тоа Пеце во салата на својот грб го носеше и македонскиот симбол од Кутлеш.

Тренерот на Пеце Наумовски, Ивица Гаџовски од Скопје, постојано беше во контакт со Пеце додека траеја борбите и спрема неговите зборови Пеце и донесе на Македонија уште едно меѓународно признание.

–     Мојата најголема желба се оствари да бидам репрезентативец на Македонија, а ова го ветив и пред претседателот на Македонија, г. Ѓорѓе Иванов и премиерот г. Никола Груевски и дадов се од себе да го одржам моето ветување, но и  да го освоиме и првото место. Јас сум горд македонец и во иднина достоинствено ќе продолжам да ја претставувам Македонија – рече Пеце Наумовски.

Ohridnews