Девојчето од рекламата на „Бимилк“ учествуваше на работилницата во детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид, на која дечињата изработуваа кукли за болните другарчиња кои Новата година ја дочекаа во болница.



Прегратката на куклата изработена од дете за дете дарува топлина, искрајност, насмевка и среќа, а истовремено и порака за побрзо оздравување.-велат учесниците во оваа хумана активност.
 
Вредните дечиња на подарок добија чадорчиња.


Целта на овој хуманитарен проект е здравите дечиња да научат да бидат солидарни, да научат да помагаат, да разберат колку е важно пријателството и посветувањето внимание на болните лица, сочувство со оние на кои им е потребна поддршка, да научат да ги почитуваат потребите на другите.

OhridNews