Англискиот премиерлигаш Кардиф и францускиот клуб Нант ќе завршат на суд поради обесштетувањето за Емилијано Сала. Аргентинскиот фудбалер кој од Нант се преслеи во Кардиф трагично настрада во авионска несреќа над Ла Манш на 21 јануари.

Трансферот на Сала е рекорден во историјата на Кардиф, клубот се обврза да плати за Аргетинецот 17 милиони евра. Сепак, сега кога се случи несреќата, во Кардиф на сите начини се обидуваат да го избегнат плаќањето.

  • Се уште собираме информации за целиот процес. Кога ќе го составиме мозаикот, убеден сум дека ќе се договориме со Нант и ќе продолжиме понатаму. –  изјави претседателот на Кардиф, Мехмер Далман.

Првиот човек на „сините лисици“ потврди дека клубот од Франција се заканил со тужба ако англискиот премиерлигаш не го испочитува договорот односно не ги плати обврските, договорени пред да се реализираа трансферот.

OhridNews