Фудбалерите на Кардиф забележаа историски успех откако на три кола до
крајот на сезоната во Чемпионшип дивизијата изборија пласман во Премиер
лигата.

Кардиф во натпреварот од 43.коло одигра 0:0 против Чарлтон со што од третопласираниот Вотфорд има 11 бодови предност.

Импресивно, по натпреварот изгледаше прославата на 26-илјадната публика
на стадионот во Кардиф, а сопственикот на клубот малезискиот бизнисмен
Винсент Тан, најави дека во засилувања за следната сезона ќе вложи 25
милиони фунти.

Многу блиску до обезбедување на пласман во Премиер лигата е и екипата на
Хал Сити која на второто место има пет бодови предност во однос на
Вотфорд.

“Макфакс“