Годинашното мото на Светскиот ден на срцето, кој се одбележува денес на сите континенти во светот, а во организација на Светската федерација за срце, бројни стручни здравствени здруженија, медицински установи и невладини организации, не потсетува дека срцето треба да си го сакаме и да го познаваме, велат од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид.

Нашата Болница е една од првите здравствени установи во земјава која се придружи кон одбележувањето на овој ден, затоа што здравјето на срцата на илјадници луѓе е наша секојдневна грижа. При секоја средба со нашите пациенти со секој даден совет ние ја подигаме свеста за важноста на кардиоваскуларното здравје. Идејата е на овој ден со пораките да допреме до што поголем број на луѓе , вкучително и оние кои досега немале здравствени проблеми, за важноста од константна грижа за здравјето на срцето преку негување на здрави навики на живот и елиминирање на сите ризик фактори кои можат да бидат корегирани, велат од Болницата.

Додаваат дека во соработка со нивниот партнер за вакви активности реномираната фармацевтска компанија Алкалоид годинава светскит ден на срцето ќе го одбележат во рамките на нивните секојдневни активности со амбулантските и болнички пациенти, како и пациентите на рехабилитација.

Користи го срцето! Познавај го срцето!- порачуваат од Болницата.

OhridNews