Под знак прашалник доведен е настапот на Мајкл Карик и Хенрик Мхтаријан за Манчестер Јунајтед во финалето од Лига купот против Саутемптон кое ќе се одигра на Вембли оваа недела.


Двоецот на „црвените ѓаволи“ се повреди на реванш натпреварот со Сент Етјен во Лигата на Европа. Карик играта ја напушти после еден час игра, додека Ерменецот заменет беше нецели десет минути после постигнувањето на победничкиот погодок во 17-та минута.

– Од моето искуство мислам дека нема да се опорават на време за финалниот натпревар. Сепак, јас не сум доктор и ова го зборувам само од искуство, а не од моите медицински познавања. – изјави после мечот Жозе Мурињо.


Португалецот и неговите избраници в недела ќе се борат за вториот трофеј сезонава, откако на почетокот го совладаа Лестер во англискиот Супер куп.

OhridNews