Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема повторно не е повикан во француската репрезентација за престојните квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство во Русија следната година.
Селекторот на „триколорите“, Дидиер Дешамп голгетерот на „кралевите“ го нема повикано од октомври 2015 година, односно од скандалот со Метју Валбуена.
– До ден денешен немам никакво извествување. Јас сум човек и сакам да добијам известување. Моментално сметам дека не сум доволно добар за репрезентација и затоа не сум на списокот фудбалери. За случајот со Валбуена го платив „цехот“ не играјќи година и пол за селекцијата, но сега сакам од селекторот објаснување зошто не играм, бидејќи секој ден сам си го поставувам тоа прашање, а најмалку што заслужив е одговор. – изјави Бензема.
Бензема на 81 настап во селекциијата на Франција има постигнато 27 голови, а поради скандалот со Валбуена го пропушти Европското првенство кое се одржа минатата година токму во Франција.
OhridNews