Дисциплинската комисија драстично со четири натпревари го казни Нејмар за инцидентот по завршувањето на мечот меѓу Бразил – Колумбија, кој заврши 0-1.
Нејмар со топка го погоди колумбискиот репрезентативец по што настана мешаница на теренот. По смирување на страстите Нејмар и Карлос Бака од Колумбија добија директни црвени картони.
Бразилецот ќе го пропушти преостанатиот натпревар во групата и евентуалниот пласман на „кариоките“ во 1/2 финалето и финалето.
Ohridnews