Селекцијата на Бразил со убедливи 4-1 ја совлада репрезентацијата на Америка на пријателскиот натпревар кој двете селекции го одиграа во Фоксбороу во државата Масачусетс.


„Кариоките“ до високата победа ги предводеше Нејмар кој реализираше два погодоци. По еднаш мрежата на американците ја погодија Хулк и Рафиња. Домаќините во финишот на мечот постигна почесен погодок кој беше дело на Даниел Вилијамс.


Ваков убедлив пораз пред своите гледачи избраниците на Јирген Клинсман немаат претрпено од 2012 година. Тогаш исто американците биле поразени од Бразил.

Ohridnews