Селекцијата на Бразил на крилата од дебитантот Габриел Жесус го совлада Еквадор 3-0 и прокнижи нови три бодови во квалификациите за Светското првенство во Русија.


Габриел Жесус на дебито во дресот на „кариоките“ постигна два погодоци и изнуди пенал кој сигурно го реализираше капитенот на Нејмар.


Лионел Меси имаше одлично враќање во аргентинската селекција, откако го постигна единствениот погодок во дербито со Уругва (1-0). Меси погоди во 43-та минута, а цело второ полувреме „гаучосите“ играа со играч помалку после црвениот картон на Пабло Дибала пред крајот на првото полувреме.


Резултати: Боливија – Перу 2-0, Колумбија – Венецуела 2-0, Еквадор – Бразил 0-3, Аргентина – Уругвај 1-0, Парагвај – Чиле 2-1.

Табела: Аргентина 14, Уругвај 13, Колумбија 13, Еквадор 13, Бразил 12, Парагвај 12, Чиле 10, Боливија 6, Перу 4, Венецуеала 1.

OhridNews